Историјата запомни имиња на многу научници од погрешни причини: ја измамиле научната јавност со квази откритија.
Ова се 11-те најолеми научни измами во историјата на човештвото:
1. Во 2002 година Би-Би-Си пренела вест за научници кои тврделе дека русата коса во следните неколку векови ќе исчезне поради рецесивните гени. По неполна година подоцна, Њујорктајмс објавил извештај за лажирани податоци за наведеното истражување, а наспроти тоа оваа научна студија во изминатите 10 години била објавувана во 10 различни научни списанија. Слична лага била пласирана во јавноста во 2007 година. Во етерот била пуштена вест слична на таа од 2002 година, со тоа што русокосите биле заменети со црвенокосите.
2. Во 1726 година, Јохан Берингер открил неверојатно зачувани фосили. Тоа биле гуштери, птици и пајаци кои се наведувале дури и во Библијата. Самиот Берингер, во намера да ја поткрепи точноста на своите пронајдоци, зборувал дека овие фосили ги направил самиот Господ. Меѓутоа, се открило дека неговите колеги ги подметнале овие фосили и со неговиот пронајдок да ја уништат неговата репутација. На крај, оваа измама ја уништила репутацијата на сите научници, но најмногу се одразила на финансиската состојба на Берингер.
3. Археораптор првпат бил наведен во магазинот Национална Географија во 1999 година, а тврдел дека воспоставил врска меѓу птиците и терподите врз основ на остатоци на фосили. На крај било докажано дека фосилот всушност бил вештачки направен од вистински фосили на разни видови, со цел овој научник да го докаже своето тврдење.
4. Физичарот Алан Сокал објавил свој текст во врска меѓу интелектуалната елита и медиумите, т.е. весниците. Многумина се воодушевиле од неговиот текст, но никој не ја проверил веродостојноста на информациите кои се темелеле на споредување на феминистките и либералните математичари, кои се задоволувале со мали работи. На крај, авторот на текстот ја открил својата вистинска намера, јавно да ги исмее уредниците на весниците.
5. Во 1783 година во Лондонски магазин бил објавен извештај за дрво во Индонезија кое е толку отровно што убило се живо во круг од 24 километри. На голата земја останале само трупови од луѓе и животни. Иако постоењето на ова дрво не се доведува во прашање, како ни високото ниво на токсини кои ги содржи, вистина е дека тоа е смртоносно само во допир со него.
6. Пред 30 години, во Европа кружел леток Вијелуф кој претставувал список на адитиви кои содржат канцерогени материи. Никој не знаел кој го напишал. Најраниот примерок датира од 1976 година, а од Франција стигнал во Велика Британија, Германија, Италија, Блискиот исток и Африка. На списокот се нашла и лимонската киселина, па сигурно веќе сега е очигледно дека списокот е чиста измислица. Се оценува дека овој список ги променило седум милиони луѓе.
7. Костур на џиновски човек бил најден во 1912 година и имал огромно влијание на идниот развор на теоријата за еволуцијата. По 50 години од ова откритие, заклучено е дека се работело за измама и дека черепот всушност е поголем дел од череп на жена, додека вилицата припаѓала на орангутан.
8. Морската сирена од Фиџи се сметала за вистински фосилен остаток до моментот кога било утврдено дека главата и торзото на мајмун биле споени со рибја опашка.
9. Околу 1990 година бил објавен кус видео запис на кој наводно се гледа вонземјанин. Никогаш не би се докажала измамата, ако самиот автор на филмот не признал дека се работи за лажирана снимка.
10. Една од најголемите измами во историјата на науката е пронајдокот на скаменет остаток на човек висок три метри. Имено, во 1800 година Џорџ Хул во дворот на својот роднина закопал наводно џин, за да се пошегува со библиската приказна, според која џиновите живееле на Земјата. На крај, самиот Хул признал дека се работи за вештачки џин.
11. Самоукиот Синичи Фуџимура е еден од најугледните јапонски археолози. Во 1980 година почнала серија негови откритија на се постари предмети, која кулминирала во пронаоѓање на најстарите траги на цивилизацијата пред околу 600.000 години. И овој пат се работело за измама. Самиот археолог закопувал предмети кои подоцна ги пријавувал како археолошки пронајдоци.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст