| четврток, 6 декември 2018 |

Косор апелира за итна средба на Вучиќ и Милановиќ

jadranka-kosorПоранешната хрватска премиерка, а сега независен пратеник во собранието, Јадранка Косор, смета дека состојбата меѓу Хрватска и Србија не е добра и дека неа може да ја решат само премиерите Зоран Милановиќ и Александар Вучиќ. Таа вели дека, доколку би била сега премиер, би иницирала состанок со Вучиќ.

-Во ваква ситуација постојат заеднички интереси бидејќи двете земји секогаш ќе бидат соседи, па само Милановиќ и Вучиќ може да најдат решение во оваа драматична ситуација- посочува косор за регионалната Н1ТВ

Таа оцени дека ваквите состојби не се добри и заради тоа што една држава пезема мерки, другата противмерки, „па за два часа никој не помни кој почнал“, додава Косор.

-Решението мора да се пронајде брзо, премиерите што поскоро да се сретнат, телефонирањето не е доволно. Предлагам итно да се сретнат некаде близу границата и да разговараат додека не се најде решение- посочи поранешната хрватска премиерка.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top