| четврток, 6 декември 2018 |

Теодора Костовска, учител по уметност на живеење: Има адолесценти кои се емотивно дегенерирани

Оту­ѓе­но­ста нè пра­ви агре­сив­ни за­тоа што сме не­си­гур­ни во се­бе. Кон­фу­зи­ја­та и не­за­до­волс­тво­то што ро­ди­те­ли­те ги но­сат со се­бе и не зна­ат што да пра­ват со нив, авто­мат­ски им ги пре­не­су­ва­ат на де­ца­та, ве­ли Ко­стов­ска

Те­о­до­ра Ко­стов­ска, пси­хо­лог по дип­ло­ма, ина­ку учи­тел по умет­ност на жи­ве­е­ње, за­ед­но со не­вроп­си­хи­ја­та­рот, про­фе­со­рот Ме­то­ди Че­пре­га­нов, на­пи­шаа две кни­ги „Стрес, не­со­ни­ца, ан­кси­оз­ност, де­пре­си­ја“ и „Стре­сот и ние“ и се­га ра­бо­тат на тре­та­та кни­га во ко­ја ќе се збо­ру­ва за агре­си­ја­та и за љу­бо­вта.

 

Со про­фе­со­рот Ме­то­ди Че­пре­га­нов под­го­тву­ва­те но­ва кни­га „Од агре­си­ја­та до љу­бов“. До ка­кви соз­на­ни­ја дој­до­вте до­де­ка ра­бо­те­вте на оваа кни­га?

КО­СТОВ­СКА: Тоа се аку­му­ли­ра­ни зна­е­ња или дол­го вре­ме наб­љу­ду­ва­ње во од­нос на сѐ она што се слу­чу­ва пра­ктич­но и праг­ма­тич­но во жи­во­тот, сѐ она што ни го од­зе­ма тр­пе­ни­е­то, ни ја стес­ну­ва свес­но­ста, сѐ она што нѐ пра­ви тоа што не сме, сѐ она што ни ја од­зе­ма на­ша­та ви­стин­ска при­ро­да, а тоа е љу­бо­вта. Тоа го има­ат и бе­би­ња­та. Ко­га го­во­ри­ме за агре­си­ја, го­во­ри­ме од ас­пект на на­гон. Во ко­ја на­со­ка тој ќе се раз­вие, ка­ко ќе се упра­ву­ва со не­го, ка­де ќе се на­со­чу­ва, ка­де кон­стру­ктив­но­то ќе пре­ми­не во де­стру­ктив­но. Си­те тие ра­бо­ти ни те­жеа. Агре­сив­ни се де­ца­та во гра­дин­ки­те, во учи­ли­шта­та, оној си­лен плач – не мо­же да не воз­не­ми­ру­ва. Мо­јот ас­пект на гле­да­ње на чо­ве­кот е хо­ли­стич­ки – не­раз­дел­на за­ед­ни­ца по­ме­ѓу те­ло­то, ин­те­ле­ктот, умот и ду­хот или ду­ша­та. Таа е вна­тре во нас. Ни­кој не мо­же да збо­ру­ва за агре­си­ја­та над­вор, ако не ја сов­ла­дал сопс­тве­на­та агре­си­ја. Кои се тие си­ту­а­ции што ќе го на­те­ра­ат да го зго­ле­ми то­нот на гла­сот, да­ли тоа го пра­ви со­се­ма свес­но, или тоа му до­а­ѓа од­на­тре. Чо­ве­кот сам од­лу­чу­ва ка­ко ќе по­ста­пу­ва, што ќе пра­ви, ка­ко ќе се од­не­су­ва во жи­во­тот.

 

Мо­же ли љу­бо­вта да ја по­бе­ди агре­си­ја­та?

КО­СТОВ­СКА: Ап­со­лут­но да. Ко­га го­во­рам за љу­бо­вта во­оп­што, не мис­лам на емо­ци­и­те. Љу­бо­вта не е тоа. Не мис­лам на де­лов­ни­от прин­цип „те са­кам – ме са­каш“. Тоа е па­за­ре­ње. Не­ре­а­ли­зи­ра­на љу­бов не е ни­што дру­го освен агре­си­ја. Ни­кој не мо­же мир­но да при­фа­ти де­ка да­ва тол­ку мно­гу љу­бов, а ни­што не му се вра­ќа. Ко­га чо­ве­кот ќе го си­ту­и­ра сво­е­то жи­ве­е­ње вна­тре во се­бе, ко­га си­те по­ри­ви, на­го­ни, жел­би, по­тре­би, са­ка­ња и по­са­ку­ва­ња ќе до­би­јат ви­стин­ска фор­ма, ко­га ќе има­ме ка­па­ци­тет, фле­кси­бил­ност, ко­га ќе има­ме кон­такт со се­бе – тоа е љу­бов. Љу­бо­вта е единс­тве­на­та си­ла ко­ја ѝ се спро­тив­ста­ву­ва на ен­тро­пи­ја­та.

 

Teodora Kostovska umetnost na ziveenje (4) (Custom)

Љу­бо­вта е единс­тве­на­та си­ла ко­ја ѝ се спро­тив­ста­ву­ва на ен­тро­пи­ја­та

 

Жи­ве­е­ме во оп­штес­тво чии сло­е­ви поч­ну­ва­ат да ко­ро­ди­ра­ат. Од ка­де до­а­ѓа сѐ по­и­зра­зе­на­та агре­сив­ност, ка­ко во на­ста­пот на лу­ѓе­то во се­којд­нев­на­та ко­му­ни­ка­ци­ја, та­ка и кај де­ца­та?

КО­СТОВ­СКА: Се­кој чо­век е да­ру­ван со не­што до­бро. Ако чо­ве­кот не ги ре­а­ли­зи­ра сво­и­те по­тре­би, еве ги на­го­ни­те. Ако не ги ре­а­ли­зи­ра сво­и­те дар­би, да­ро­ви, та­лен­ти, то­гаш при­род­но се слу­чу­ва не­за­до­волс­тво. Штом чо­ве­кот е не­за­до­во­лен, штом има мно­гу ра­бо­ти што ги голт­нал, ги по­тис­нал, ра­бо­ти кои не ус­пе­ал да ги сов­ла­да, не ус­пе­ал да ги суб­ли­ми­ра, би­деј­ќи жи­во­тот е па­ту­ва­ње, то­гаш се ра­ѓа агре­си­ја­та. Сли­ко­ви­то, тоа мо­же да го опи­ше­ме ка­ко праз­ни и пол­ни са­до­ви. Ко­га еден сад ќе се на­пол­ни, не­ми­нов­но тре­ба да се ис­праз­ни. Тре­ба да зна­е­ме ка­ко да го на­пра­ви­ме тоа праз­не­ње. Тоа не тре­ба да би­де де­стру­ктив­но. Ако не си го да­де­ме сво­е­то пра­во да жи­ве­е­ме во љу­бов, да го обез­бе­ди­ме тоа врз­но тки­во, то­гаш ста­ну­ва­ме оту­ѓе­ни од се­бе. Оту­ѓе­но­ста нѐ пра­ви агре­сив­ни за­тоа што сме не­си­гур­ни во се­бе. Кон­фу­зи­ја­та и не­за­до­волс­тво­то што ро­ди­те­ли­те го но­сат со се­бе и не зна­ат што да пра­ват со нив, авто­мат­ски им се пре­не­су­ва на де­ца­та. Ако има­ат ло­ши при­ме­ри на иден­ти­фи­ка­ци­ја, де­ца­та ги прес­ли­ку­ва­ат. Не сме­е­ме да се чу­ди­ме од ка­де се де­ца­та агре­сив­ни ко­га жи­ве­е­ме во ера на комп­ју­те­ри. Ка­ков е све­тот во кој тие жи­ве­ат? Тоа е илу­зи­ја на ло­ши­те мом­ци кои се над­вор на екра­нот и јас до­бри­от, кој тре­ба да ги уби­јам. Се­то тоа пра­ви де­ца­та емо­тив­но да не со­зре­ва­ат до­бро. Тие сво­ја­та емо­тив­ност не мо­жат пра­вил­но до­бро да ја ар­ти­ку­ли­ра­ат. Се­ка­ко де­ка не мо­же да ги за­бра­ни­ме комп­ју­те­ри­те, но мо­ра да по­стои хар­мо­ни­ја. Кол­ку вре­ме по­ми­ну­ва­ат пред еле­ктрон­ски­те уре­ди, тол­ку вре­ме тре­ба да би­дат во при­ро­да. За жал, има­ме адо­лес­цен­ти кои се емо­тив­но де­ге­не­ри­ра­ни, за­тоа што се уп­ла­ше­ни од тоа да би­дат емо­тив­ни.

 

Агре­си­ја­та ста­на на­чин на ко­му­ни­ка­ци­ја ме­ѓу лу­ѓе­то. Ка­ко да го нај­де­ме ми­рот во се­бе?

КО­СТОВ­СКА: Тоа е пат. Ко­га ќе дој­де­ме до не­што што се ви­ка полн сад, тој не­ми­нов­но ќе по­ба­ра да се ис­праз­ни, го зна­е­ле ние тоа ра­ци­о­нал­но или не. Сѐ она што се ви­ка агре­сив­но е всуш­ност праз­не­ње на пол­ни­от сад. Ко­га ќе си по­све­ти­ме мал­ку вре­ме на се­бе, од­нос­но ко­га ќе обез­бе­ди­ме буд­но се­бе­наб­љу­ду­ва­ње, ка­кви се мо­и­те мис­ли, што е она што го ја­дам, то­гаш ќе го нај­де­ме ми­рот во се­бе.

 

Teodora Kostovska umetnost na ziveenje (3) (Custom)

Ко­га ќе си по­све­ти­ме мал­ку вре­ме на се­бе, од­нос­но ко­га ќе обез­бе­ди­ме буд­но се­бе­наб­љу­ду­ва­ње, ка­кви се мо­и­те мис­ли, што е она што го ја­дам, то­гаш ќе го нај­де­ме ми­рот во се­бе

 

Вие сте учи­тел по умет­ност на жи­ве­е­ње. Што ги учи­те Ва­ши­те уче­ни­ци?

КО­СТОВ­СКА: По­сто­јат тех­ни­ки, по­стои зна­е­ње. Зо­што сме агре­сив­ни? За­тоа што не­ма­ме аде­кват­но зна­е­ње, пра­ктич­но при­мен­ли­во зна­е­ње ка­ко да упра­ву­ва­ме со се­бе. Са­мо мал­ку за­ста­ни и ви­ди ка­ко ди­шеш. Зди­вот е вр­ска­та ме­ѓу на­ши­от емо­ти­вен и ра­ци­о­на­лен со­став. Во по­че­то­кот тоа е тех­ни­ка ко­ја ја сов­ла­ду­ва­ме, а по­тоа ста­ну­ва на­чин на жи­ве­е­ње. Ние има­ме прем­но­гу ин­фор­ма­ции, но тоа не е зна­е­ње. И еду­ка­ци­ја­та е про­цес. Ма­са од ин­фор­ма­ции са­мо пра­ват кон­фу­зи­ја во гла­ва­та. Тие не ве пра­ват емо­тив­но ин­те­ли­ген­тен, не­ма да ви овоз­мо­жат кон­такт со сво­ја­та вна­треш­ност, ин­ту­и­ци­ја, вна­треш­ни по­ри­ви. Ин­ту­и­ци­ја­та е не­при­кос­но­ве­на и се­кој од нас ја има. Пра­ша­ње е кол­ку ја раз­ви­ва и кол­ку умее да ја слу­ша и да ја ко­ри­сти. Екви­ва­лет­но, бит­но е да се раз­ви­ва и ра­ци­о­нал­на­та и емо­ци­о­нал­на­та ин­те­ли­ген­ци­ја. По­тре­бен е ба­ланс и са­мо та­ка ќе на­у­чи­ме да ја ко­ри­сти­ме и ле­ва­та и дес­на­та хе­ми­сфе­ра во мо­зо­кот. Не­при­ја­те­лот не е над­вор од нас, ту­ку во нас. Чо­век пр­во тре­ба да со­бе­ре си­ла, да поч­не про­цес на ин­трос­пек­ци­ја, за да дој­де до се­бе­о­бо­жа­ва­ње.

 

За кој чо­век мо­же­ме да ка­же­ме де­ка е сре­ќен чо­век?

КО­СТОВ­СКА: Тој мо­мент е мно­гу суб­је­кти­вен. За ме­не сре­ќен чо­век е оној што ус­пе­ал да го споз­нае сво­јот не­при­ја­тел, мир­но да се наб­љу­ду­ва се­бе­си, си­те свои по­ри­ви, со си­те свои не­га­тив­ни ас­пе­кти. Оној чо­век што ус­пе­ал да се сов­ла­да стра­вот е сре­ќен чо­век.

 

Целото интервју може да го погледнете на следниов линк.

 

Раз­го­ва­ра­ше: Але­ксан­дра М. Бун­да­лев­ска
Фо­то: Але­ксан­дар Ива­нов­ски

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top