| четврток, 6 декември 2018 |

Министерката за култура на снимањето на „Тиквешко востание“ (фото)

Министерката за култура, Елизабета Канческа-Милевска, и  градоначалникот на Кавадарци, Александар Панов, синоќа во Ваташа, Кавадарци, присуствуваа на почетокот од снимањето на телевизискиот серијал „Тиквешко востание“ во продукција на vидеостудио „Петковски“, а во режија на Драган Вељановски.

vatasa

 

Канческа-Милевска изрази благодарност за поканата да присуствува на почетокот од снимањето на овој мошне значаен серијал. Режисерот на сериите, Драган Вељановски, посочи дека во филмот учествуваат 44 актери, меѓу кои се Мето Јовановски, Дејан Лилиќ, Зоран Љутков и други.

ваташа

Станува збор за четири серии кои се снимаат по повод одбележувањето на 100-годишнината од Тиквешкото востание и во кои ќе бидат претставени и обработени битни и нови податоци за овој историски момент, кој се случил во екот на Втората балканска војна.

 

 ваташа2

 

 

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top