| четврток, 6 декември 2018 |

Истече ултиматумот: Србија забрани влез во државата на хрватски производи

671186_granica-batrovci-11230915ras-foto-vesna-lalic_f

Србија забрани влез на сите возила со хрватски производи откако на полноќ истече рокот што ѝ го постави на Хрватска за прекин на блокадата за камионите. Откако Србија воведе контрамерки, хрватската гранична полиција престана да пропушта и патнички автомобили со српски таблички. Границата од српска страна не може да се помине ниту пеш, а влез во Хрватска е оневозможен за сите што имаат српски пасош.

Министерот за внатрешни работи на Србија, Небојша Стефановиќ синоќа при посетата на Батровци изјавил дека Хрватска не ги исполнила барањата и дека економската агресија им нанесува штета на двете земји.

– Од овој момент полицијата на Србија нема да дозволи влез во земјата на ниту едно товарно возило со хрватска стока, без оглед на тоа дали возилата се од  хрватска или од трети земји. Примената почнува веднаш. Покрај ова, владата решава и за други мерки – рекол Стефановиќ.

Министерот рекол дека Србија е подготвена во секој момент да ги отповика мерките во случај Хрватска да постапи по правилата на ЕУ и да овозможи одвивање на товарниот сообраќај.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top