Уписите за студирање во академската 2015/2016 година на Институтот за филм Филмска академија Охрид, се во тек и траат до 4 октомври. Пријавувањето се врши со пополнување на електронска пријава преку вебстраницата www.filmacademyohrid.com.
По завршувањето на рокот за електронско пријавување, врз основа на обработка на пристигнатите пријави и интервјуа со кандидатите кои ќе се реализираат на 13 и на 14 октомври, стручен тим на оваа високообразовна установа ќе изврши и соодветна селекција на идните студенти.
Филмската академија Охрид е резултат на повеќегодишната соработка меѓу Владата на Република Македонија, Владата на Чешката Република и ФАМУ – престижната филмска и телевизиска школа на Академијата за сценски уметности во Прага. Институтот за филм е јавна научна установа, која како придружна членка на Универзитетот „Гоце Делчев“ од Штип нуди постдипломски програми на Катедрата за сценаристика и драматургија и Катедрата за креативна продукција.
Институтот почнува со работа од оваа академска година. Тригодишните студиски програми ќе се изведуваат на англиски јазик и се приспособени специјално за оваа институција, согласно со стандардите, принципите и со долгата традиција на ФАМУ во Прага, петтата најстара филмска школа во светот. Наставниот кадар, освен редовните, ќе го сочинуваат и професори-гости од ФАМУ во Прага. Министерството за образование и наука ќе додели дваесет целосни стипендии за студентите кои ќе се запишат на постдипломските студии. За стипендија можат да аплицираат кандидати од Република Македонија и од странство. За да се квалификуваат за стипендија, кандидатите најпрво треба да го поминат селекцискиот процес за упис на Институтот. Кандидатите чија пријава ќе биде прифатена од Институтот, целокупната потребна документација наведена во конкурсот за стипендирање, како и формуларот за пријавување, кои се објавени на специјализираниот портал за доделување стипендии www.stipendii.mon.gov.mk, ги поднесуваат во просториите на министерството, најдоцна до 30 октомври годинава.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст