Струмица е домаќин на петтата по ред манифестација „100 Илјади поети за промена“, настан кој ќе се одржи на 26 септември. Ова е настан кој е дел од глобалната манифестација „100 Thousand Poets for Change“ – меѓународна манифестација која годишно се оддржува во повеќе од 100 држави, меѓу кои е и Република Македонија.
Глобалното движење „100 Илјади поети за промена“, во соработка со здружението „Контекст – Струмица“ го реализира петтото јубилејно издание на поетската манифестација „100 Илјади поети за промена“.
Како дел од програмата во Струмица ќе се реализираат две поетски читања. Во 16:00 часот во Старото детско забавиште (над киното) – локација која е добро позната за струмичани
официјално ќе започне манифестацијата „100 Илјади поети за промена“ со читање на најмладите автори, основци и средношколци од Струмица, кои претходно се пријавија на отворениот конкурс, за потоа да продолжи во 20:00 часот со отварање на изложба на плакати, промоција на зборникот „100 Илјади поети за промена – V“ проследено со поетски рецитали од учесниците на конкурсот, поетски видео перформанс и сценски хип хоп настап на „Пука козметика“.
На читањето ќе учествуваат поети кои се дел од конкурсот кој претходно беше објавен на тема – промени, во кој учествуваа околу 200 поети од Македонија и светот, гости поети од Египет и ќе бидат проследени со изложба дваесетина плакати кои се дел од конкурсот кој претходно беше објавен.
Манифестацијата „100. 000 поети за промена“ е од меѓународен карактер и годинава се одржува во повеќе држави во светот и има најава дека ќе има 550 настани во над 100 земји во светот.
Поетските читања се наменети за автори од цела држава кои ја поддржуваат оваа идеја. Ова е манифестација која има за цел да се шири и да ги мобилизира сите поети ширум светот, а досега во Македонија се вклучуваат сите оние кои сакаат и имаат волја да бидат промената која сакаат да ја видат во светот или најмалку во себе, односно околу себе.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст