Новото филмско видување на приказната за „Магбет“ во режија на Џастин Курцел синоќа на големо ја привлече битолската публика.
По отворањето со „Лазар“, ова беше втора најпосетена фестивалска проекција. Актерот Мајкл Фасбендер беше главната причина за врвулица народ да ја наполни Големата сала на Центарот за култура. Во филмот игра и француската актерка Марион Котијар, а е дел од Официјалната програма. Директор на фотографија е Адам Аркапо.
Делегација на фестивалот, предводена од директорот Димитар Николов, градоначалникот на Битола, Владимир Талески, како и гости на фестивалот вчера на Влашките гробишта го посетија гробот на првиот снимател на Балканот, Милтон Манаки (1880-1964). Поводот беше да се одбележи денот на раѓањето на еден од патроните на фестивалот на кинематограферите.
– Во рамките на фестивалот на филмските сниматели го чествуваме денот кога се родил Милтон Манаки и оддаваме почит за наследството што го остави првиот снимател на Балканот, како и за можноста да имаме визуелен пристап до нашата историја“ – рече Димитар Николов, директор на ИФФК „Браќа Манаки“.
Талески го нагласи историското и културното значењето на делото на браќата Манаки, а ја потенцираше и исклучително важната функција на фестивалот што во нивна чест се организира веќе 36 години.
– За време на одржувањето на фестивалот на филмската камера интересот на светската филмска јавност е свртен кон нашата земја и кон Битола. Исто така, благодарение на фестивалот и сите придружни активности во градот се присутни голем број значајни гости од филмската уметност – рече Талески.
Лауератот Бота-Николиќ вчера одржа и мастер-класа на која предизвика голем интерес кај слушателите. Тој несебично го сподели своето големо кинематограферско и режисерско искуство со публиката.
Утре на фестивалот македонскиот режисер Милчо Манчевски ќе одржи две мастер-класи, на тема „Поставување на кадарот: уметноста и вештината на режирањето на кадарот“, во 15.30 часот во Малата сала на Центарот за култура. Низ примери од дваесетина инсерти од класиците и од неговите филмови, Манчевски ќе го разложи односот помеѓу режисерот и кадарот. Нашиот најеминет режисер, добитник на наградата „Златен лав“ за филмот „Пред дождот“, во 18.15 часот, пак, со студенти од драмски факултети од земјава ќе одржи работилница за актерство. Исто така, пред фестивалската публика во 20.30 часот ќе биде промовирана и монографијата посветена на режисерот Манчевски, чија авторка е Марина Костова.
Гостин на фестивалот од Официјалната програма ќе биде иранскиот кинематографер Мортезе Геиди од филмот „Нахид“ во режија Ида Панахандех.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст