| четврток, 6 декември 2018 |

Ѓорѓевиќ останува селектор на Србија

sale

Кошаркарската федерација на Србија успеа да го задржи селекторот Александар Ѓорѓевиќ за период од дополнителни четири години, а поранешниот ас паралелно ќе биде и тренер на Панатинаикос.

„За среќа успеавме да се договориме со Ѓорѓевиќ тој да ја продолжи работата како селектор на Србија. Тоа гарантира контиунитет на успеси не само за Олимписките Игри, за кои имаме шанси за настап, туку и за следното Светско и Европско првенство“, изјави претседателот на КСС, Драган Ѓилас.

Ѓорѓевиќ го презеде кормилото на популарните „орли“ во 2013 година и со Србија ја освои бронзата на СП, лани во Шпанија и стаса до четвртото место на ЕП што заврши минатиот викенд.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top