| четврток, 6 декември 2018 |

Казнени мерки поради емигрантите против европските држави, меѓу кои и Бугарија

Европската комисија соопшти денеска дека отвара 40 казнени процедури против држави од Европската унија поради тоа што не ги примениле правилно заедничките законски прописи поврзани со емигрантите.

Против Бугарија се отворени три процедури, две „официјално информативни писма“ и еден „мотивирачки став“. Трите процедури се поврзани со недостиг на податоци дали Бугарија соодветно ги применува законите на ЕУ.

Во појаснувањето се наведува дека Бугарија не соопштила какви национални мерки презела за да ја примени директивата од 2011 година, со која се определуваат минималните стандарди за давањето заштита на граѓани надвор од државите на ЕУ или на лица без државјанство.

Бугарија не ја спровела и директивата по процедурите за давање азил. Со оваа директива се утврдуваат правилата за давање и одземање азил и таа е одобрена во 2005 година и во националното законодавство требало да биде воведена до 20 јули.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top