| четврток, 6 декември 2018 |

Сестрите Божиноски не знаат за пораз

12047496_10205503503010030_1741928661_n

Сестрите Магдалена и Марија Божиноски во изминатите неколку години се доста успешни во нивните спортови.

Магдалена Божиноска (12 години) две години е државен првак, а во кумите-борби е без пораз на турнирите во Македонија со освоени околу 15 први места – златни медали. Покрај ова, може и да се пофали со прво место на интернационалните купови кои што се одржаа во Србија и Бугарија. Магдалена шест години е член на Карате клуб Олимпик од Скопје.

12053169_10205503503050031_1695032541_n

 

Нејзината постара сестра Марија Божиноска (18 години) се занимава со кик бокс и е член на македонската кик бокс репрезентација веќе три години. На европското првенство кое се одржа во август во Сан Себастијан Шпанија дојде до вицешампионската позиција. Нејзини поголеми достигнувања досега се трето место на европско првенство Полска 2013 год, петто место на светско првенство во Италија, Римини 2014 год, прво место на Балкан опен 2015 год, Босна – Тешањ. Таа шест години е член на Кик бокс клубот Гладијатор – Скопје.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top