Високата претставничка на ЕУ за надворешна политика и безбедност Федерика Могерини оцени денеска дека односот на ЕУ кон бегалската криза е штетен за нејзиниот углед, предупредувајќи дека тоа би можело да доведе до губење на влијанието, но и меѓународниот кредибилитет на Унијата.
– Мораме да бидеме кредибилни и во рамки на своите граници да го правиме она што го бараме надвор од нашите граници. Ние се обидуваме во другите делови од светот да ги промовираме нашите вредности. Но тоа не функционира доколку не можеме тоа да го направиме дома, да покажеме почитување кон малцинствата, почнувајќи од муслиманите – истакна Могерини.
Според неа, дејствувањето на ЕУ по прашањето за бегалската криза веќе е штетно за надворешната политика, а внатрешните поделби се чувствуваат ширум светот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
УНХЦР: Расте бројот на мигранти и бегалци кои од Турција доаѓаат во Грција
-
Могерини: ЕУ нема да биде целосна се додека земјите од Западен Балкан не станат членки
-
Андреј Бабиш: Чешка нема да прима ниту луѓе кои бегаат од војна!
-
Хан: Граѓаните на Северна Македонија заслужуваат да добијат позитивни одговори за евроатлантските интеграции