| четврток, 6 декември 2018 |

Прилепчанка оставила 52 лица без одмор, ветувајќи им престој во хотел „Бисер“

Поради постоење основи на сомнение за сторени измама, употреба на исправа со невистинита содржина и посебни случаи на фалсификување исправа, ПС Струга поднесе кривична пријава против М.В.(44) од Прилеп.

Со цел да прибави против-правна имотна корист, пријавената, на 08 јули 2015 година во хотелот „Бисер“-Струга, на одговорниот менаџер му се претставила како претседател на Конфедерацијата на синдикалните организации на Република Македонија. Лажно претставувајќи се, М.В. со хотелот потпишала договор за користење услуги по што во периодот од 14-19 август годинава, во хотелот „Бисер“ престојувале 52 лица кои искористиле услуги во висина од 338.068 денари.

При потпишувањето на договорот, пријавената М.В. лажно претставувајќи се дека е претседател на Конфедерацијата на синдикалните организации на Република Македонија, на менаџерот на хотелот му приложила исправа со невистинита содржина односно тековна состојба на Конфедерацијата од фебруари оваа година. Иако никогаш не била претседател, во име на Конфедерацијата, пријавената склучила договор на кој ставила печат од Здружението за развој и унапредување на земјоделието.

Со тоа, М.В. извршила измама на одговорните во хотелот за содржината на исправата што ја потпишале. Откако менаџерот на хотелот ја увидел измамата, на 52-те лица што се сместиле во хотелот им го откажал престојот, за што според нивни кажувања, претходно и исплатиле пари на сега пријавената М.В.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top