| четврток, 6 декември 2018 |

Есената и зимата ќе бидат потопли од лани

Постои голема веројатност, се оценува во Извештајот од УХРМ, дека температурите за зимскиот период (од декември 2015 до февруари 2016) да бидат повисоки од просечната вредност за многугодишниот период 1981-2010. Поголема веројатност за повисоки вредности од просечните температури постои во североисточниот дел на земјата, но тоа надминување нема да биде повеќе од 3°C.

Претстојната есен и зимата се очекува да бидат малку потопли и повлажни од просекот, оценува експертскиот тим од Управата за хидрометеоролошки работи, кој подготви анализа за можните изгледи за времето во текот на сезоната есен-зима 2015-2016 година.

При тоа користени се податоци од УХМР, информации и продукти од Европскиот центар за среднорочна прогноза на времето, Националниот центар за атмосферски истражувања на САД како и останати расположиви центри.

Тримесечната прогноза на времето во Македонија за период септември-ноември покажува дека температурите на воздухот ќе бидат во граница на просечните вредности. Количината на врнежи оваа есен се очекува да биде поголема од просекот, особено во источна Македонија.

Постои голема веројатност, се оценува во Извештајот од УХРМ, дека температурите за зимскиот период (од декември 2015 до февруари 2016) да бидат повисоки од просечната вредност за многугодишниот период 1981-2010. Поголема веројатност за повисоки вредности од просечните температури постои во североисточниот дел на земјата, но тоа надминување нема да биде повеќе од 3°C.

Што се однесува до врнежите во овој период, малку надпросечна количина даваат повеќето модели. Поизразито ќе биде во централниот и особено источниот дел на Македонија. Исто така постои веројатност во зимската сезона да се јават периоди со постудено и суво време, како и веројатност за изразени негативни отстапувања од вообичаените средни вредности на температурата и врнежите.

Температурниот опсег на многугодишниот просек 1981-2010 за есента е од околу 8°C во планинските предели до 16,9°C измерени во Гевгелија. Врнежите во овој период биле од 127,0mm измерени на метеоролошката станица во Штип до 326,6mm во Лазарополе. Во зима температурата се движела од -1,5°C во Маврово до 5,0°C во Гевгелија. Врнежите биле во опсег од 90mm во Штип до 318,9mm во Лазарополе.

Според анализите врз основа на прогностичките модели од ECMWF (Европски центар за среднорочна прогноза), Рединг, В.Британија, во текот на октомври нè очекува нешто поврнежлив период. Најмногу врнежи се очекуваат во текот на оваа недела, за околу 30л/м2 повеќе од просекот за овој период, а најмалку во четвртата недела, кога се очекува да бидат околу просекот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top