Милитантните исламистички групи веројатно не ги користат брановите на бегалци кои пристигнуваат во Европа за да префрлуваат милитанти кои би можеле да спроведуваат напади, рекол во вторникот челникот на данската внатрешна тајна служба ПЕТ (PET).
Од речиси половина милион луѓе кои оваа година побегнаа од војните и сиромаштијата во Европа, околу 12.400 од нив пристигнале овој месец во Данска.
Тоа предизвикало загриженост, особено кај Данската народна партија, дека радикалните исламисти би можеле да влезат во Европа пертставувајќи се како бегалци и да спроведуваат напади.
– Врз основа на нашите информации, веруваме дека организираните исламистички милитанти нема да ги користат мрежите за криумчарење на луѓе или бегалските рути за да се обидат да ги префрлат терористите на Запад, вклучувајќи ја и Данска – рекол челникот на ПЕТ Фин Борч Андерсен, пренесува “Хина”.
– Тие рути се многу опасни, а постои и ризик да ги открие полицијата или да ги разоткријат другите бегалци, од кои многумина бегаат токму од исламистите“, рекол тој.
ПЕТ ја смета заканата од милитантите за нордиските земји за „сериозна“, но тоа се нема променето веќе неколку години.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Мигранти зеле дрва за огрев од затворено кафуле во Грција и оставиле 10 евра
-
Мексико ќе ги депортира мигрантите кои насилно се обиделе да влезат во САД
-
Мигрантите го пробија кордонот во БиХ и се упатија кон хрватската граница (видео)
-
Војници на АРМ стрелале во воздух на границата со Грција за да спречат нелегално минување на мигранти