| четврток, 6 декември 2018 |

Тајната на Џејми Оливер: Со овие намирници ќе живеете 100 години

Популарниот готвач Џејми Оливер, кој водеше кампања за подобрување на исхраната во училиштата, сега има нова цел – со исхрана да и помогне на нацијата да живее 100 години.

6914_dzejmi-foto--Eric-Thayer_630x0

Оливер патувал по светот и составил листа на 14 намирници како што се риба и јајца и кои треба да се најдат во секоја кујна.

Во својата ТВ-емисија тој открива трикови за долг живот и препорачува намалување на порциите месо на двапати во неделата. Тој предлага консумирањето на најголем број од дневните калории да се случува во првата половина од денот. Резултатот е добрата исхрана, која води кон подолг животен век и подобар квалитет.

Тој патувал во Костарика, Окинава во Јапонија и грчкиот остров Икарија, кои се познати по здравата исхрана. На овие места бројот на заболени од рак и од срцеви болести е значително помал.

– „Финтата“ не е во егзотичните намирници како гоџи топчињата, туку во готвењето со едноставни намирници – вели Џејми.

Покрај тофу, црн грав, сладок компир и чили пиперка, тој открил некои навики во исхраната кои ги имаат жителите на оние места кои тој ги посетил. Тие ги ограничуваат порциите месо на два или трипати во неделата, а појадокот е многу пообилен од вечерата.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top