На 23 седница на Комисија за одбрана и безбедност на која на дневен ред беше и Законот за безбедност во сообраќајот, беа прифатени вкупно 36 амандамни од кои 23 амандмани поднесени од пратениците на ВМРО-ДПМНЕ, а 13 од страна на опозициските пратеници.
Прифатените амандмани се резултат на јавната расправа како и забелешките истакнати од поединци, стручни лица, здруженија на граѓани и пратеници.
Со новиот Закон за безбедност на сообраќајот на патиштата ќе се овозможи воспоставување формално-правни предуслови за имплементација на еврoпските страндарди и принципи кои важат во областа на сообраќајот на патиштата, и ќе се врши усогласување со новиот Закон за прекршоците со кои драстично се намалуваат глобите за прекршоци.
Амандманите кои беа прифатени стануваат составен дел од новиот Закон за безбеност на сообраќајот, дел од тие амандамни се и амандманите на опозициските пратеници.
Прифатен е амандманот на опозициската пратеничка Роза Топузовска во врска со член 26 , во кои се брише ставот (2) кој гласи: Возачот на моторно возило, кога се вклучува во сообраќајот од гаража, двор или друга слична површина, ако видикот му е закриен со друго возило, објект или предмет или ако видливоста му е намалена, должен е на местото каде што се вклучува да постави лице кое ќе му помогне возилото безбедно да излезе на пат.
На пратеничката Роза Топузовска ѝ беше прифатен и амандманот во член 315 став (2) каде зборот „три“ се заменува со зборот „пет“, со цел да се даде посоодветен рок за мегународните возачки дозволи.
Прифатен е и амандманот на опозицискиот пратеник Горан Милевски, со кој се намалува глобата за употребата на светла во сообраќајот од 35 евра на 15 евра, измените се во членот 86 од Законот за безбедност во сообраќајот.
Во насока на намалување на голбите за прекршоците прифатен е и амандман на член 35 став 6 поднесен од пратеникот Горан Милевски со кои износот од „20 евра“ се заменува со износот „10 евра“.
Амдандманите кои беа прифатени од страна на Комисијата за одбрана и безбедност се со цел подобрување на новиот Закон за безбедност во сообраќајот, амандманите стануваат составен дел од законот кој треба да се најде на дневен ред на некоја од следните собраниски седници.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст