Русија испрати 28 борбени авиони во Сирија, соопштија американски официјални лица. Според информациите, авионите се сместени во воздухопловната база во сириската покраина Латакија.
Претходно, американски дипломати соопштија дека Русија почнала со мисија за извидување над Сирија со дронови.
Ова може да биде прва воена воздушна операција на Русија во Сирија од кога Москва почна да ги засилува своите воздухопловни сили во таа земја.
Американските дипломати, чии имиња не се откриваат, не можеле да кажат колку дронови учествуваат во мисијата, додека Пентагон одбил да ја коментира оваа вест, пренесува „Ројтерс“.
Допломатите рекле дека Русија испратила помал број борбени авиони во базата во Сирија неколку часа по телефонскиот разговор на американскиот секретар за одбрана, Еш Картер, со неговиот руски колега, Сергеј Шојгу.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.