| четврток, 6 декември 2018 |

Северна Кореја со нова закана за нуклеарен напад на САД

 Северна Кореја ратификуваше план за нуклеарен напад против САД, јави севернокорејската државна новинска агенција, повикувајки се на извори во народната армија.

Западните аналитичари сѐ уште се убедени дека Северна Кореа нема доволно ресурси за да организира напад на американска територија, но не исклучуваат можност цел на напад да бидат Јужна Кореја и американските трупи во земјата.

Последната закана на Пјонгјанг следува откако Пентагон соопшти дека ќе ја зајакнува антиракетната одбрана на островот Гуам.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top