| четврток, 6 декември 2018 |

Од составот на цревната флора зависи слабеењето

Составот на цревната флора има големо влијание врз ефикасноста на режимот на исхрана наменет за губење на вишокот килограми, објавиле шведските научници.

hitportal-dieta

Сите учесници во студијата добиле насоки да ја намалат консумацијата на јаглехидрати од леб, компир, и храната богата со шеќери, а да го зголемат консумирањето овошје и зеленчук.

По шест недели кај сите е забележано намалување на телесната тежина, но кај тие со помалку разновидна цревна флора е забележано поизразено подобрување на здравјето на метаболизмот.

Научниците појаснуваат дека тоа е важно поради превенција од дијабетес тип 2.

Од друга страна, кај испитаниците што на почеток од студијата имале поразновиден состав на цревната флора не се забележани вакви подобрувања.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top