| четврток, 6 декември 2018 |

До 30 септември ќе се реши судбината на ДИК

izbori-1
Изборите мора да се одржат во согласност со договорот. Еврокомесарот за проширување Јоханес Хан при неодамнешната посета на земјата потенцираше дека и изборите се обврска која произлегува од договорот и оти мора да се спроведат. Освен тоа, договореното од Пржино досега се спроведува согласно роковите и нема причина зошто изборите да не се одржат, или како што се шпекулираше- да се одложат. Работната група со преговарачките тимови на ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ, ДУИ и ДПА, засилени со меѓународни посредници, деновиве интензивно разговараат за дефинирање на изборното законодавство, како и за прочистувањето на избирачкиот список. Според досегашниот развој на настаните и според очекувањата на домашната и на меѓународна јавност, соодветната изборна законодавна рамка која треба да се донесе до 6 октомври што е во согласност со јунскиот договор. И Европската унија е подготвена да ги искористи сите свои ресурси за да помогне во однос на изборите.
johanes han

– Сите мои партнери потврдија дека изборите треба и мора да се одржат до крајот на април, како што беше договорено. Тоа е една обврска којашто беше договорена и тие треба да се подготват во согласност со европските и меѓународни стандарди. ОБСЕ/ОДИХР, Советот на Европа се тука за да го понудат своето искуство во подготвувањето и мониторингот на овие избори. Европа е подготвена да ги искористи сите свои ресурси, човечки ресурси за да помогне во однос на изборите, но за да се направи ова важно е да се има соодветна изборна законодавна рамка и за да се донесе оваа законодавна рамка во склад со јунскиот договор при што сите политички лидери се обврзаа дека најдоцна до 6 октомври треба да има договор за содржината на нов изборен законик, рече Хан.

Според досегашниот тек на преговорите, разговорите за реформата на изборното законодавство течат исто како и оние за специјалниот обвинител. Без учество на меѓународната заедница, тие нема да успеат, велат експертите.
Минатиот месец партиите постигнаа согласност за реформирање на Државната изборна комисија. ДИК ќе брои девет члена, тројца ќе бидат избрани по предлог на власта, тројца ќе предложи опозицијата, а тројца членови треба да бидат експерти, независни од партиите.

ДИК ќе добие и зголемени ингеренции за да обезбеди фер и слободни избори, а рокот за ова решение е 30 септември.
Извесен напредок е постигнат и за прочистувањето на избирачкиот список, се бара комбиниран модел помеѓу предлогот на СДСМ за активна регистрација на гласачите и предлогот за теренска проверка.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top