| четврток, 6 декември 2018 |

Концерти, перформанси, фолклорни настапи, поезија, ликовна колонија и презентација на занаети на „Звуците на Чаршијата“

Многубројни концерти, перформанси, фолклорни настапи, поезија, ликовна колонија и презентација на занаети ќе понуди 9. манифестација „Звуците на Чаршијата“ што ќе се одржи утре и задутре.

Zvukot na turska carsija 2013 (3) (Custom)

 

Град Скопје и Културно ­информативниот центар ­Скопје (КИЦ)) се покровители и организатори на манифестацијата, а во реализацијата се вклучени општина Чаир и „Македонски Телеком“.

Скопскиот градоначалник Коце Трајановски на денешната прес­конференција информира дека ја поддржуваат манифестацијата со 700 илјади денари. Додаде дека фестивалот придонесува за заживување на Старата скопска чаршија од културен аспект и ги покани скопјани да уживаат во програмата.

Директорката на КИЦ­ Скопје Сермине Пурине истакна дека фестивалот ги почитува обичаите и духот на Старата скопска чаршија. ­

– Тесните улички на Старата скопска чаршија на 22 и 23 септември ќе бидат домаќини на голем број уметници кои ќе творат и ќе ги забавуваат скопјани – рече Пурине.

Фестивалот ќе почне со концертот на Слаткаристика и Шпенд Латифи на плоштадот „Филип Втори“ во 21 часот. На 23 септември во 12 часот на платото пред Штуловиот универзитет ќе настапи Аква Денс, а од 13 часот ќе настапи Ансамблот на староградски македонски песни и ора „Серенада“ од Виница. На плоштадот „Скендербег“ ќе има ликовна колонија, а ќе настапат Сарана Османи со група млади уметници кои ќе свират на класични инструменти, ќе настапат повеќе културно­уметнички друштва и ќе има книжевна вечер. Од 20 часот до полноќ во Куршумли Ан ќе настапат Шкурте Фејза и Агим бенд, Адријан Гаџа, Флоријан, Линдон, Ледри и Ера Естрефи.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top