| четврток, 6 декември 2018 |

Во „Идадија“ повторно ќе има рентген снимања

Во Поликлиниката „Идадија“ во ЈЗУ Здравствен Дом Скопје од денеска повторно почнува со работа Кабинетот по радиодијагностика.

idadija

Во Кабинетот ќе работи доктор-специјалист по радиодијагностика преземен од приватна во јавна здравствена установа, во рамки на огласите на Министерството за здравство за преминување на доктори-специјалисти од приватното во јавното здравство.

Следејќи ги потребите на граѓаните и залагањето за доближување на здравствените услуги спрема местото на живеење, како што информираат од Здравствен дом Скопје, преземени се активности за опрема и кадар и по четири години повторно почнува со работа Кабинетот за рентген дијагностика во Поликлиника „Идадија“.

Во Кабинетот ќе се вршат рентген графии на скелет, заби и ехо дијагностика, а ќе работи секој работен ден во прва смена со закажани прегледи преку Мој термин.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top