Емигрантите на граничниот премин Брегане на хрватско-словенечката граница беа пуштени во Словенија и утрово таму нема повеќе емигранти, јавија хрватските медиуми.
Откако Словенците синоќа го затворија преминот, тие испратија три автобуси, кои превезуваа словенечки активисти и дел од емигрантите, кои беа блокирани на преминот. Во текот на ноќта пристигнаа уште автобуси, кои ги превезуваа и останатите емигранти.
Граничниот премин Товарник на хрватската граница со Србија, денеска, исто така, е празен. Сите пристигнати емигранти се префрлаат во кампот Опатовац.
Околу две илјади емигранти синоќа ја минаа пеш хрватската граница со Унгарија, кај Терзино Поле. Тие беа донесени со околу 20 автобуси во близина на границата, а хрватската полиција ги спроведе пеш до границата, по што, на средината на мостот ги презеде унгарската полиција.
Од околу три илјади емигранти, кои досега влегле во Словенија, азил побарале само седум.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.