| четврток, 6 декември 2018 |

Стефановиќ „Нереално е бегалците да ги вратат во Србија“

Stefanović: Nije realno da se izbeglice vrate u Srbiju

Српскиот министер за внатрешни работи, Небојша Стефановиќ, оцени дека затворањето на граничниот премин Батровци е некоректен чекор од хрватска страна, додавајќи дека Хрватска не може да се соочи со кризата како што тоа го стори Србија.

Тој порача дека ниту е за очекување, ниту е реално и можно бегалците да се вратат во Србија, која може да обезбеди транзит, но не и постојан престој за тие луѓе. За националната телевизија, српскиот министер вели дека Белград разговара со соседите и се труди да биде дел од заедничкото европско единствено решение за бегалската криза.

-Сепак не успеав да разговарам со хрватскиот колега, но затворањето на граничниот премин Батровци е некоректен чекор од хрватска страна- посочи Стефановиќ, кој додаде дека изјавите на колегите од Хрватска ги разбира како изјави на луѓе кои не функционираат добро во криза и дека проблемите се префрлаат на политички терен.

Тој се надева дека и Хрватска ќе има слух за надминување на проблемите, бидејќи со Унгарија е брзо постигнат договор. Доколку Хрватска не е подготвена на договор со Србија, може да се очекува брза реакција од ЕУ бидејќи се кршат меѓународни договори.

Србија со Унгарија договори преку граничниот премин Хоргош 1 да се одвива проток на луѓе и на стока, додека Хоргош 2 е наменет за регистрација на емигранти.

Стефановиќ истакнува дека не очекува бегалците да бидат вратени од западноевропските држави, бидејќи Србија не е членка на ЕУ, ниту земја во која бегалците треба да бидат сместени. Земјата нема да прифати да гради кампови во кои трајно ќе бидат сместени емигранти, нагласува српскиот министер кој очекува наскоро ЕУ да излезе со пакет помош и да каже кои средства ќе ги добие Србија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top