Хрватската пејачка Северина во саботата пееше на скопскиот плоштад Пела. Во нејзин стил, пејачката настапи во провокативен комбинезон, доволно тесен за да отвори сомневања за нејзината блажена состојба.
Фотографиите на „Инстаграм“ покажаа заоблено стомаче на вечно витата Севе, доволно за регионалните медиуми веќе да пишуваат за можната втора бременост на пејачката.
Северина и нејзиното 15 години помладо момче, Игор Којиќ, ќе се венчаат наскоро. Доколку озборувањата за бременоста се вистинити, нејзиниот син Александар веќе нема да биде единец.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.