| четврток, 6 декември 2018 |

Австрија размислува за ограничен азил

австријаАвстриската министерка за внатрешни работи, Јохана Микл-Лајтнер, предложила одобрување „ограничен“ азил за новодојдените емигранти, како начин за справување со бегалската криза со која е соочена Европа.

Таа во интервју за виенскиот весник „Естерајх“ истакнува дека тоа е варијанта за која треба да се размисли.

– За тоа, меѓутоа, е потребна измена на законот и одлука од Парламентот. На тоа работиме – објасни Микл-Лајтнер.

Австриската министерка нагласи дека нејзиниот предлог за воведување „ограничен“ азил, како и за протерување на бегалците, не претставува промена на ставот.

– Мојот став не е променет. Секогаш зборував дека Австрија се придржува кон Даблинскиот договор и секој мора да знае дека ќе биде вратен во една безбедна земја – додаде Микл-Лајтнер.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top