| четврток, 6 декември 2018 |

Воздушните напади врз ИД во Сирија се неефикасни

напади

Воздушните напади на меѓународната коалиција, предводена од САД врз позиции на Исламска држава во Сирија се неефикасни, изјави денеска сирискиот заменик-министер за надворешни работи Фејсал Мекдад во интервју за јапонската агенција Кјодо.

– Воздушните напади не беа ефикасни, со нивна помош ништо не беше постигнато – истакна Мекдад и додаде дека ИД станала уште посилна во Ирак и Сирија и покрај борбата на САД против тероризмот.

Како што јави ТАСС, сирискиот дипломат нагласи дека Русија и помага на Сирија и претставува главниот извор на оружје за сириската армија.

Тој нагласи оти во Сирија нема руски војници.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top