| четврток, 6 декември 2018 |

Светозар Ристовски: Македонија им е наклонета на филмаџиите

Филмот „Лазар“ кој го отвори фестивалот „Браќа Манаки“ е копродукција на повеќе земји.

-Патот беше долг. Подолго се подготвуваше проектот. Но, сепак, прикзната си го направи своето. Почнавме од Македонија, па потоа ни се приклучија Хрватска, Бугарија и на крај завршивме со „Еуримаж“ и Франција – рече Корнелија Ристовска.

Ристовски истакна дека секогаш со радост се враќа во Македонија и во Европа за да снима.

-Без разлика од каде доаѓа приказната, во Европа, доколку приказната не помине низ визијата на режисерот и не се адаптира, не почнува филмот. Единствено патот е подолг, кога пишувам, ми треба уште еден соработник што ќе биде огледало за да го проверам текстот што го пишувам. Кога работам текст на друг, патот е полесен – рече Ристовски.

Ристовски додаде дека филмските професионалци имаат голема поддршка во однос на финансирањето на проектите, за разлика од многу поголеми светски кинематографии.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top