| четврток, 6 декември 2018 |

Џесика Симпсон повторно пијана на ТВ

dzesika-simpsonЏесика Симпсон гостуваше во емисија за купување од дома, по телефон, а била повикана за да ја промовира својата нова колекција на модната линија. Но наместо тоа, таа ги збунила но и ја забавувала публиката со своите бизарни изјави.

Неколку месеци Симпсон бележи  бројни испади во јавноста преку телевизиски настапи до одење по улица во пијана состојба, но последниот настап заедно со нејзината мајка Тина веројатно ќе остане запаметен.

Покрај неконтролираното смеење и неуспехот да се одржи на нозе, сепак се обидела да продава и рекламира.

-Задникот ќе ви изгледа толку добро, верувајте ми. Јас сум имала задник во сите големини и во секој модел изгледаше одлично. Така барем вели мојот сопруг- е еден дел од нејзиниот настап.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top