Финска во градот Торнио на северот од земјата воведе гранична контрола за барателите на азил кои доаѓаат од Шведска. Истовремено во градот се одржани демонстрации против зголемениот прилив на мигранти
-Од сега на границата во Торнио ќе се вршат контроли кои ќе ги спроведува полицијата- соопшти финското министерство за внатрешни работи, додавајќи дека мигрантите веќе нема да можат да продолжат кон другите места во Финска без да се регистрираат како баратели на азил.
-Состојбата на северот од земјата излезе од контрола. Луѓето од Торнио одеа во било која полициска станица во Финска- пренесе весникот „Хелсингин Саномат“
Медиумите пренесуваат дека стотина Финци протестирале на границата кај Торнио, барајќи да се затворат границите.
Официјално, од почетокот на годината во Финска стигнале над 11 илјади барателли на азил, најмногу од Ирак. Лани таа бројка изнесувала 3.600 лица.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Мигранти зеле дрва за огрев од затворено кафуле во Грција и оставиле 10 евра
-
Мексико ќе ги депортира мигрантите кои насилно се обиделе да влезат во САД
-
Шведскиот Парламент не ја изгласа предложената коалициска малцинска влада
-
Се снашол: Претседателот на Финска не можел да најде место на Саем на книга, па седнал на скали



