Едно момче загина, а неговиот другар се бори за живот во кумановската болница по тешката сообраќајна несреќа што се случи вчера во 14.50 на регионалниот пат Куманово-Пчиња, во близина на каменоломот Краста.
До несреќата дошло кога автомобилот „санг јонг“ со кумановски регистарски ознаки управувано од С.Н.(20) од с.Пчиња, кумановско, од засега непознати причини излетало од патот.
Од здобиените повреди при незгодата, сопатникот во возилото Милко И.(28) од с.Пчиња починал на местото на настанот, а С.Н. се здобил со тешки телесни повреди и бил пренесен во медицинскиот центар во Куманово.
Увид на местото на настанот извршиле јавен обвинител и екипа од СВР-Куманово.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.