Словенечкиот премиер Миро Церар денеска предупреди дека меѓу оние што се на границата на Шенген зоната има мигранти, бегалци, но и луѓе кои може да претставуваат безбедносна закана.
Церар нагласи дека неговата земја ќе постапи строго по шенгенските правила во најголемата бегалска криза.
– Освен бегалци и економски мигранти сигурно има и такви, кои се потенцијална безбедносна опасност. Мора да покажеме солидарност со Европа, но сме подготвени за изненадни ситуации и голем бран бегалци, како што е случајот во Австрија, Германија и Унгарија, изјави Церар за весникот „Дело“.
Во Словенија вчера според податоците на полицијата влегле околу илјада илегални бегалци од Хрватска.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Мигранти зеле дрва за огрев од затворено кафуле во Грција и оставиле 10 евра
-
Мексико ќе ги депортира мигрантите кои насилно се обиделе да влезат во САД
-
Мигрантите го пробија кордонот во БиХ и се упатија кон хрватската граница (видео)
-
Војници на АРМ стрелале во воздух на границата со Грција за да спречат нелегално минување на мигранти