Босна и Херцеговина има можност да смести до 5.000 бегалци, по што ќе ги затвори границите по примерот на своите соседи, изјави денеска босанскиот министер за безбедност Драган Мектиќ.
Тој додаде дека БиХ е подготвена да биде транзитна земја и да им обезбеди премин на бегалците во земји од Европската унија.
– Доколку сите граници се затворат тогаш постои можност бегалците да дојдат во БиХ, но без можност за натамошно излегување. Затоа порачувам дека почитувајќи ги човековите права ќе мора да го почитуваме и фактот дека можеме да прифатиме само толку луѓе за колку што имаме капацитет- изјави Мектиќ на прес-конференција.
Тој прецизираше дека сегашните капацитети на земјата овозможуваат примање на околу пет илјади лица.
Мектиќ појасни дека БиХ располага со Центарот за азил во Сараево, бегалскиот центар во Салаковци кај Мостар и напуштените касарни, во кои можат да бидат сместени околу 5.000 лица.
Тој додаде дека на границата на БиХ досега не се појавил ниту еден мигрант или бегалец.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.