| четврток, 6 декември 2018 |

Тепачка меѓу мигрантите во Хрватска (ВИДЕО)

­ Во хрватскиот град Бели Манастир, каде илјадници бегалци на железничката станица се обидуваат да влезат во автобус или воз кон Загреб, дошло до тепачка меѓу две групи бегалци, поради што било потребно да интервенира полицијата.

tepac

Бегалците меѓу себе се гаѓале со камења, шишиња и се што имале при рака. Ситуацијата на местото на инцидентот и натаму е тензична.

Помала група бегалци од Бели Манастир, околу 200 лица, синоќа според неофицијални информации се обиделе да влезат во Унгарија, но биле спречени од унгарската полиција, која наводно употребила сила врз нив.

Во Хрватска утрово до девет часот влегле 14.052 бегалци.

Иако граничните премини од Србија кон Хрватска се затворени, бегалците и натаму пристигнуваат во Товарник и тоа преку т.н. зелена граница, минувајќи низ полињата со пченка при што штом стапнат на хрватска територија ги приведува полиција која ја контролира целата државна граница.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top