| четврток, 6 декември 2018 |

Исповед на повредената новинарка: Унгарските полицајци ме фрлија на земја и ме шутираа

jovana gurovic

Унгарските полицајци ме фрлија на земја. Еден од нив ме крена и ме фрли на друга страна пред нозете на друг полициски службеник, кој пак продолжи да ме удира.

Вака за „Блиц“ новинарката на РТС, Јована Ѓуровиќ го опишува хаосот на граничниот премин на Хоргош 2, каде што била брутално претепана од унгарската полиција.

Јована завршила со повреди на рацете, додека нејзиниот колега Мирослав Ѓурашиновиќ си заминал од граничниот премин со скршена рака и повреди по телото. Владо Хаџи Мијаиловиќ, исто така, новинар во РТС добил неколку удари по главата и по грбот. Опремата што ја носеле со себе на терен им е целосно уништена.

-Бевме во група со други новинари, кои ги снимаа бегалците, кои, пак, се наоѓаа на 20 метри од унгарскиот кордон. Бегалците тргнаа кон кордонот бидејќи се надеваа дека ќе ја поминат границата. Во еден момент, околу 17 часот без никаков повод или причина, и без никакво предупредување унгарските полицајци почнаа да ги тепаат бегалците. Но ќотек добивме и ние, новинарите… и покрај тоа што со нас имавме камери, микрофони, фотоапарати. Не помогна ни тоа што се обидовме да им објасниме дека сме новинари и дека работиме во РТС – вели Јована.

Таа била сведок и на ќотекот кој го добил нејзиниот колега Мирослав.

-Најпрвин ни ја уништија опремата, а потоа го соборија на земја и почнаа да го клоцаат. Откако завршија со него, дојдов јас на ред. Ме фрлија на земја, а по неколку минути ме кренаа и повторно ме фрлија пред нозете на друг полицаец кој пак продолжи да ме шутира – раскажува Јована.

Според нејзиното сведоштво, тие се спасиле благодарение на емигрантите, кои ги извлекле од тисканицата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top