Боите што ќе ја одбележат наредната сезона доаѓаат од Милано, Њујорк, Лондон и од Париз, каде што секоја година се претставуваат трендовите. Истото се однесува и за боите што ќе ги задоволат и скромните, но и оние најпребирливите. Креациите и комбинациите се различни. Некои од нив на различен начин ги прикажуваат женската убавина и модата. Палетата на боите е различна, а слични бои се користени и во женската и во машката колекција.
Нијанси на сива
Иако остава впечаток на студен, мрачен ден, сивата боја може да биде многу префинета и да изгледа многу убаво. Сивата боја во сите нијанси им прилега на поголемиот број жени. Ја има во колекциите на Стела Мекартни, Марко де Винченцо, Мајкл Крос…
Маслинестозелена
Оваа боја потсеќа на стилот на војниците и оваа сезона се носи во сите варијанти. Софистицирана е и шик боја во земјени тонови, која може да се комбинира со други нијанси. Оваа година посебно се истакнува Ели Сааб, кој комбинира долги ракави, ракавици, шалови, комбинезони, чизми и торби во оваа боја. Нему му се придружија и Том Форд, Џејсон Ву, Роланд Мурет…
Боја на море
Елегантна и префинета. Тоа може да се каже за парчињата облека во оваа боја. Тоа се нијанси на бојата на морето во комбинации со зелено. Оваа боја е популарна кај Ели Сааб, Мајкл Крос, Даниел Силверстејн..
Темносина
Во темносината боја во нијанси на црна, може да изгледате многу софистицирано и префинето. Оваа боја ја има кај Нина Ричи, Шанел, Марк Џејкобс, Тоори Бурч, Барбара Буи…
Окер
Не се работи за чиста жолта боја, туку за потемна нијанса. Иако остава впечаток на студена боја, всушност привлекува полни добри емоции. Колекциите за есен-зима 2016 се со оваа боја. Најпознати модни креатори и следбеници на оваа боја се Џол Галијано, Кристијан Диор, Викторија Бекам…
Марсела
Најпопуларната боја за 2015 година, темната црвенокафеава нијанса, марсела, е исклучително интересна и привлечна за носење. Остава доволно простор за комбинирање со другите бои и за експериментирање. Популарна е кај бројни светски дизајнери: Томи Хилфигер, Тори Бурч, Емилио Пучи…
Портокалова
Ова боја нуди оптимизам, лежерност и добро расположение. Разиграна боја за која се решија многу дизајнери: Марк Џејкобс, Луис Витон, Фенди, Викторија Бекам…
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст