Многу работи ќе се променат од денеска, бидејќи Сатурн, планетата на дисциплината, амбицијата и минатото, по 30 години влегува во знакот на Стрелец.
Преминувањето на Сатурн преку деветтиот хороскопски знак, од 18 септември до 19 декември 2017 година, најмногу ќе го почувствуваат Јарците, Водолиите и Вагите, а најмало влијание оваа астролошка промена ќе има врз Раковите, Лавовите и Овните.
Овен
Планетата на амбицијата во вашето деветто астролошко поле ви овозможува шанса за воспоставување контакти со странци, а ако сте млади, за добивање на стипендија. По 7 октомври, можете да очекувате зголемување на приходите, особено ако вашата професија е поврзана со спортот или со уметноста.
Бик
Симболот на ограничувањата во вашата астролошка куќа за пари, предупредува да избегнувате ризични финансиски трансакции и непотребни трошоци. Од аспект на просперитетот, оваа планета им одговара на оние припадници на знакот Бик, кои се занимаваат со креативни професии.
Близнаци
Транзицијата на Сатурн преку вашето седмо астролошко поле под негативно влијание на Марс, планетата на дејствувањето, предупредува да ги одложите судските процеси, кои ионака веќе се издолжени. Партнерот сака да ви ја наметне својата волја, особено ако сте во брак или во подолга врска.
Рaк
Владетелот на вашата астролошка куќа за партнерски односи, Сатурн во квадрат со планетата на акцијата и страстра, не влијае позитивно на вашиот љубовен живот, особено ако сте во брак или во подолга врска. По 7 октомври, можете да очекувате зголемување на приходите.
Лaв
Планетата на страста и акцијата во вашиот знак под влијание на Сатурн, симболот на доцнењето, до 7 октомври ќе ги забавува вашите планови, ако се занимавате со наука, медицина или фармација. Ова не е период во кој треба да се донесуваат одлуки за стапување во брак или за започнување на заеднички живот.
Девица
Позиција на владетелот на вашата астролошка куќа на љубовта, но и на правните процеси, Нептун, планетата на измамата, предупредува да бидете претпазливи со долгите судски постапки или со купопродажбата на недвижен имот. Вашиот владетел Меркур во полуквадрат со Сатурн ве предупредува да посветите повеќе внимание на важните документи.
Вага
Вашиот владетел, Венера, симболот на љубовта, во огнениот Лав, под влијание на планетатата на минатото – Сатурн во куќата на менталната состојба, може да ви донесе средба со личност што некогаш ви значела многу. Родените во првата декада на вашиот знак ги очекува напредок во кариерата.
Скорпија
Со Сатурн во астролошкото поле на парите и Марс во полето на кариерата, веројатно ќе ви треба малку повеќе трпение кога станува збор за собирање на стари долгови или помал прилив на пари. Квадратот со вашиот владетел Марс, до 7 октомври ќе го забави обновувањето на соработката со странци.
Стрелец
Квадратот меѓу Јупитер, планетата на просперитетот во астролошката куќа на кариерата и Сатурн во вашиот знак, се уште го забавува спроведувањето вашите планови во врска со странство. Позицијата на Марс, симболот на страстта, укажува на можност за средба со некој од огнените знаци.
Јарец
Напнатиот аспект помеѓу вашиот владетел Сатурн и Јупитер во астролошкото поле за странство по 7 октомври може да ви донесе обновување на соработката со луѓе, особено ако често патувате поради бизнис. Сепак, треба да избегнувате ризични финансиски трансакции.
Водолија
Позицијата на Сатурн, еден од владетелите на вашиот знак, во астролошката куќа на изненадувањата, многу влијаат врз врската со вашиот партнер, особено ако сте во брак или во подолга врска. Исходот на некој судски процес или одењето (преселбата) во странство, може да ја очекувате дури по 7 октомври.
Риби
Планетата на амбицитеи и времетраењето, Сатурн во астролошото поле за кариерата, под влијание на еден од владетелите на вашиот знак, Јупитер, симболот на благосостојба и контакти со странци, може да ви донесе продолжување на судскиот процес или остварување на некој важен бизнис.
Извор: novosti.rs
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.