| четврток, 6 декември 2018 |

Хан во Македонија на средби со политичките лидери и на состанок за ХЛАД

хан

Комесарот за проширување и соседска политика на ЕУ Јоханес Хан, кој престојува во дводневна посета на Македонија, денеска во Скопје ќе разговара со македонските политички лидери за  спроведувањето на договорот за надминување на политичката криза, за Пристапниот дијалог на високо ниво (ХЛАД),  за текот на реформите и за мигрантската криза.

Хан ќе има одделни средби со премиерот Никола Груевски и со претседателите на СДСМ Зоран Заев, на ДУИ Али Ахмети и на ДПА Мендух Тачи. Тој ќе учествува на состанокот за Пристапниот дијалог на високо ниво, како и на седницата на Националниот совет за евроинтеграција.

Еврокомесарот, како што соопшти неговиот кабинет, ќе се сретне и со претставници на граѓанското општество, а предвидено е да го посети и прифатниот центар за eмигранти во Гевгелија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top