Портпаролот на Европската комисија, Маргаритас Схинас ја предупреди денеска Каталонија дека во случај на отцепување од Шпанија ќе биде автоматски исклучена од ЕУ и ќе мора да се кандидира за членство.
– Ако дел од земја-членка престане да биде дел од таа држава и прогласи независност, пактот ЕУ ќе престане да важи на оваа територија, изјави Схинас.
Тој објасни дека ново воспоставената независна држава автоматски ќе се смета за „трета земја“ и ќе мора да го помине целиот пристапен процес за да стане членка на ЕУ.
Каталонската Влада подготвува референдум за отцепување, кој Мадрид го смета за нелегален, а анкетите покажуваат дека мнозинството ќе гласа за независност.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.