| четврток, 6 декември 2018 |

Излозите во Старата скопска чаршија ќе почнат да се унифицираат од први октомври

Излозите на дуќаните во Старата скопска чаршија ќе почнат да се унифицираат од први октомври, најави денеска министерот за економија, Беким Незири.

turska carsija 6

За годинава е предвидено унифицирање на излози на 60 дуќани во еден дел од чаршијата.

– Министерството за економија има обезбедено околу 400 илјади евра и веќе од октомври активно ќе почне унифицирање на излози во Старата скопска чаршија. Апликациите уште не се поднесени затоа што проектот прво мора да се одобри од Конзерваторскиот центар и од Министерството за култура – рече министерот Незири.

Тој информира дека веќе е објавен повик за тоа како треба да изгледаат излозите, што ќе биде субвенционирано од државата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top