Словенија од ноќеска од полноќ воведе засилен надзор на својата граница со Унгарија и привремено ќе го суспендира шенгенскиот режим, изјавија синоќа словенечкиот премиер Миро Церар и министерката за внатрешни работи Весна Гјеркеш Жнидар, јави Хина.
Со овој потег Словенија полесно ќе го контролира протокот на луѓе за да не остане изненадена од некоја поголема група бегалци и мигранти, а настаните со овој проблем постојано се следат и Владата е подготвена на различни сценарија, истакна словенечкиот премиер, додавајќи дека сè е „под контрола“.
– Мораме ситуацијата да ја имаме под надзор, да примаме и да им помагаме на луѓето во неволја, но ќе ги третираме во согласност со предвидените постапки, уважувајќи ги нашите интеграциски и безбедносни можности – нагласи Церар.
Гјеркеш Жнидар на средбата со новинарите кажа дека привременото укинување на шенгенскиот режим кон Унгарија било неизбежно и итно потребно за емиграцискиот бран да се стави во некаква контрола и да се спречи неконтролираниот прилив на бегалци и на емигранти на словенечка територија, но дека Словенија ќе ги почитува бегалците и натаму ќе ја искажува својата европска солидарност.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст