-Владата на Република Македонија реши да го номинира Срѓан Керим, поранешен министер за надворешни работи на Република Македонија и 62. претседател на Генералното собрание на Организацијата на обединетите нации, за функцијата генерален секретар на Организацијата на обединетите нации.
-Источноевропската група во ООН на која припаѓа и Република Македонија во ноември 2014 година зазeде заеднички став дека следниот генерален секретар на ООН, по основа на системот на ротација, би требало да биде избран од нејзините редови. Како резултат на дипломатски консултации и високите оценки за неговото меѓународно искуство, познавање на глобалните светски процеси и квалификации, а особено широкото признание меѓу земјите-членки за претседавањето со Генералното собрание на ООН, Владата на Република Македонија оцени дека д-р Срѓан Керим е личност што ги исполнува неопходните услови и критериуми да биде кандидат за функцијата генерален секретар на ООН – стои во владиното соопштение.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст