| четврток, 6 декември 2018 |

ЕУ и порача на Унгарија дека огради и насилство не се решение за бегалската криза

Refugees at Hungarian border with Serbia

Европскиот комесар за внатрешни работи и миграција Димитрис Аврамопулос денеска во Будимпешта изјави дека огради и насилство не се решение за миграциската криза и ги повика унгарските власти да се придружат на заедничките европски напори за нејзино решавање.

– Ѕидовите се привремено решение, изјави еврокомесарот по средба со членовите на унгарската влада, додавајќи дека тие само го пренасочиле бранот бегалци и предизвикале тензии.

Аврамопулос оцени дека и насилството не е решение, нагласувајќи дека поголем дел од бегалците се Сиријци, што никакви пречки нема да ги запрат во бегството од насилството и теророт во нивната држава.

Еврокомесарот им укажа на унгарските власти дека е нивна морална должност да ги заштитат овие луѓе, како и дека на тоа ги обврзуваат европските и меѓународни принципи и закони.

– Апелирам до вас да работите заедно со нас, ЕУ, да пронајдеме заедничко и трајно решение, истакна Аврамопулос.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top