Директорот на британската контраразузнавачка агенција МИ5, Ендрју Паркер изјави дека разузнавањето не сака да пребарува по животите на луѓето во Велика Британија, но дека техничкиот напредок ги зголемил предизвиците со кои се соочуваат безбедносните служби, во надгледувањето на осомничените за тероризам.
Во интервју за радио „Би-Би-Си“, првото што еден директор на МИ5 воопшто го има направено, Паркер ја брани неопходноста од електронското надгледување за определени лица, од страна на агенциите за разузнавање.
Интервјуто на директорот на МИ5 доаѓа во време кога владата подготвува закон за спроведување на вакво надгледување за осомничени за тероризам, против кое веднаш се спротвставија разни либерлани групи и активистите за заштита на човековите права на луѓето.
Паркер вели дека не е работа на оваа агенција да зборува каков треба да биде законот, инсистирајќи дека тоа е работа на министрите и одлука на Парламентот.Тој меѓутоа ги отфрла критиките дека тактиката која ја спроведуваат британските безбедносни служби може да доведе до радикализација на некои цели на разузнавачите, како и дека ќе го запре стравувањето дека екстремисти навлегуваат во Европа, заедно со бранот од бегалци од Сирија.
Директорот на МИ5 смета дека прашањето околу електронското надгледување е мошне важно, затоа што „не е во ничиј интерес„ терористите да можат да подготвуваат заговори и слободно да комуницираат околу ова, а да останат недофатливи за британските власти.
Само во минатата година, контраразузнавањето и безбедносните служби, користејќи ги сите методи, меѓу кои и ловењето на комуникацијата, успеале да спречат извршување на шест терористички заговори на британска територија.
Паркер се согласува дека ниту со новите закони (за електронско надгледување) не ќе може да се гарантира дека секој ќе може да биде откриен и ќе може да се спречи секој планиран терористички напад.
„Тоа е невозможно, но доколку ја работиме работата како што треба, ќе знаеме кој од сомнителните е закана за оваа земја, рече во интервјуто за радио Би-би-си, директорот на МИ5, Ендрју Паркер.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.