| четврток, 6 декември 2018 |

Персоналот ја уништил тортата, келнерот украл мобилен – епилог од прослава во скопски ресторан

torta

Уништена торта, украден мобилен телефон од страна на келнерот – ова е епилогот од прославата на првиот роденден на едно скопјанче. Неговата мајка револтирана од тиоа низ што поминала своето искуство од прославата во „Ореов лад“ го сподели на „Фејсбук“.

-По сите напори да се реши спорот во интерес на двете страни решив многу лошото искуство со ресторанот „Ореов лад“ од првиот роденден на синот да го споделам на ФБ. Атмосферата беше одлична сè додека не дојде време да се сече тортата кога дојде менаџерот и ми кажа дека тортата се стопила. Кога отидов да ја видам тортата, сфатив дека нема торта . Не може никој да ме убеди дека тортата може на овој начин да се стопи. Ќе разберев да беа боите разлеани или да беше паднат еден кат, но торатата да се стопи како некој да ја шутирал… тоа пријатели од „Ореов лад“, не може да ме убедите дека може да е вистината.
До тогаш мислев дека тоа е најстрашното што ни се случи на роденденот и си реков кога не може да се поправи гревота е да го расипуваме цел роденден па продолживме без торта. Тој што разбра дека им паднала тортата разбра, тој што не разбра, сигурно се чудел какви се тие родители што на детето не му купиле торта за роденден. И така помина вечерта сè додека не забележав дека ми го нема мобилниот. Веднаш ја активиравме опцијата find my phone и преку друг телефонот го лоциравме мојот мобилен во казино на „Партизанска“. Внатре во казиното келнерот од „Ореов лад“, кој цела вечер ме тешеше да не се грижам за тортата и ме убедуаше дека не паднала туку се стопила. Келнерот непријавен работи во „Ореов лад“ и уште се дрзнува да ми го украде телефонот. Сите ние видно потресени и вознемирени им се јавуваме на менаџерот и на газдарицата на „Ореов лад“, кои по долг разговор признаваат дека вината е нивна и се согласуваат да ја коригираат цената на услугата поради сите непријаности кои ни ги предизвикаа таа вечер. Тоа што ме поттикна да го напишам овој долг текст е тоа што пред два дена добивме тужба од адвокат за плаќање на целата сума – стои во натписот на револтираната мајка објавен на нејзиниот профил на „Фејсбук“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top