Издавачката куќа „Антолог“ од Скопје информира дека го објави романот „Петте годишни времиња на љубовта“ од Жоао Алмино. Романот, кој во 2003 година ја доби најстарата и најпрестижна книжевна награда во Латинска Америка, „Каза де лас Америкас“, на македонски го преведе Огнена Никуљски.
Романот „Петте годишни времиња на љубовта“ претставува портрет на 55-годишната Ана, чијшто живот не е таков каков што очекувала и чиишто некогаш храбри соништа се претвориле со полувистини, грешки, фрустрации. За да го исполни аманетот што го дала за време на студентските денови, таа организира забава по повод новиот милениум. Како што се појавуваат старите пријатели и како што се доближува одбројувањето до новиот век, минатото на Ана претрпува неочекувани промени. Поставена во хаосот на Бразилија, место каде што и основните човекови прашања – љубовта, пријателството, сексот, работата – може да имаат чудни размери, оваа приказна е неодоливо модерна и длабоко безвременска.
„Петте годишни времиња на љубовта“ е исклучителен роман од автор на врвот на задачата, а за него критиката вели дека „тешко дека ќе се најде читател кому нема да му се допадне“.
Жоао Алмино (1950) е бразилски писател и дипломат. Автор е на шест романи. Докторирал во Париз во класата на филозофот Клод Лефор. И самиот бил професор на универзитетите во Бразилија, Стенфорд, Чикаго и Беркли. Освен фикција, пишува и есеи од областа на историјата и на филозофијата. Од 1979 година е во брак со ликовната уметничка Биа Вук.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст