| четврток, 6 декември 2018 |

Пусиќ: Хрватска нема да може да се справи со десетици илјади бегалци

IZBJEGLICE noæ provele na otvorenom u Tovarniku

Хрватска може да се справи со неколку илјади емигранти, но не и со десетици илјади, изјави вчера министерката за надворешни и европски работи Весна Пусиќ, истакнувајќи дека во тој случај Хрватска ќе бара помош од европските и воневропските земји.

– Ако тие бројки преминат неколку илјади, ние со тоа може да се носиме, но со десетици илјади, едноставно, не можеме, немаме капацитет – вели Пусиќ.

izbjegliceS1_920240S1

– Разговараме со некои земји да ни помогнат, ако тие бројки се зголемат – додава таа и потсетува дека Хрватска во тој случај на располагање има и финансиска помош од ЕУ.

– Не можеме присилно да ги сопреме. Тие луѓе не дошле во Хрватска да останат. Тие Хрватска ја гледаат како транзитна земја – рекла Пусиќ.

Одговарајќи на прашање за стравот на Љубљана за можното насочување на емигрантите од Хрватска кон Словенија, Пусиќ изјавила дека луѓето не можат илегално да влезат во Словенија, но легално може да ја преминат границата и можат да се пријават таму . Објаснија дека што се однесува до задржувањето во Хрватска, дел од емигрантите што ги задоволуваат условите можат да поднесат молба за азил, но и дека можат тоа да го сторат на друго место.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top