| четврток, 6 декември 2018 |

Повеќе настани пред почеток на „Кавадаречка културна есен 2015“

В сабота, во Домот на културата „Иван Мазов – Климе“ во Кавадарци, гостува еден од најдобрите фолклорни ансамбли од Србија „Типопластика“ од Горњи Милановац. На нивниот самостоен концерт во салата на кавадаречкиот Дом на култура, гостин ќе им биде фолклорниот ансамбл „Тиквеш“, кој своите активности ги реализира при Домот на културата во Кавадарци.

unnamed

Исто така, в сабота, 19 септември, но на друга локација и град, во организација на Домот на културата од Кавадарци и Центарот за култура од Гостивар,, кавадаречки поети, музичари и ликовни уметници, ќе се претстават во Гостивар, заедно со уметници од градот домаќин, а во рамките на манифестацијата „Урбани сценски мостови“, која првпат се одвива во Гостивар (вторпат возвратно во Кавадарци).

 

unnamed (1)

Овие настани се вовед во манифестацијата „Кавадаречка културна есен 2015“, која од 15 октомври до крајот на ноември годинава ќе понуди над 50 настани од сите области на уметноста (ликовна, музичка, литературна, драмска и сл.).

Театарот при Домот на културата „Иван Мазов – Климе“ ја подготвува својата најнова премиера, претставата „Женидба“ по текст на Гогољ, а во режија на Драган Вељановски, како гостин. Улогите ги толкуваат: Диме Коцевски, Александар Малинков, Милица Гочевска, Љупчо Настов, Коле Колев, Костадин Прокопов, Владанка Недева, Снежана Карова, Видан Станоев, Валентина Ѓорѓиева, Љупче Шошев и Кирил Андоновски (како гостин).

Изборот на музика е на Марјан Тодоровски, а дизајнот на плакатот е на ликовниот уметник Билјана Соколова. Премиерата се очекува кон крајот на октомври.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top