| четврток, 6 декември 2018 |

Јолевски на Состанок на Северно атлантскиот совет

Интеграцијата на Република Македонија во НАТО и ЕУ претставува врвен надворешно-политички приоритет за македонската Влада. Министерство за одбрана и Армијата на Република Македонија континуирано работат на унапредување на националните одбранбени капацитети и способности. Ние цврсто и одлучно ќе продолжиме да го даваме својот придонес во промоција на заедничките цивилизациски и демократски вредности” истакна министерот Јолевски на Состанокот на Северно атлантскиот совет посветен на Извештајот за прогресот на Република Македонија во МАП процесот во седиштето на НАТО во Брисел.

– Заедно со министерот за надворешни работи, Никола Поповски говореа за постигнатите резултати, како на политички и на економски план, така и за достигнувањата во одбранбениот реформски процес, се вели во соопштението од Министерството за одбрана.

Министерот Јолевски во обраќањето пред амбасадорите на земјите членки на НАТО на кое присуствувал и генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, додал дека успешното водење на акцискиот план придонело за значаен напредок во спроведувањето на одбранбените реформи, одбранбени капацитети и способности, зголемен придонес во меѓународните операции, како и унапредување на меѓународната одбранбена соработка.

Амбасадорите на земјите членки на НАТО на денешниот состанок го поздравиле напредокот во Извештајот и особено го истакнале придонесот на Република Македонија во зачувување на меѓународниот мир и безбедност. Воедно од страна на амбасадорите дополнително бил поздравен и напредокот на политичката состојба во Македонија согласно договорот од јуни и дополнително ги истакнале напорите на нашата земја во поглед на мигрантската криза која сериозно и се заканува на Европа.

Во рамки на денешната посета на НАТО, министрите Јолевски и Поповски имале заедничка средба и со генералниот секретар Јенс Столтенберг, на која биле истакнати аргументите зошто Македонија треба што поскоро да стане дел од Алијансата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top